Како што објави Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Словенија ќе се погрижи за четворица пациенти кои беа повредени во трагедијата во Кочани.
Двајца денес беа пренесени на лекување во УКЦ Љубљана, а останатите двајца ќе бидат пренесени утре во УКЦ Марибор.
„Со солидарност и помош сме покрај сите погодени“ велат од Амбасадата.
Претходно Делегацијата на ЕУ во земјава објави дека преку Механизмот за цивилна заштита 15 тешко повредени во трагичниот пожар кој се случи вчера во Кочани, се евакуираат во Унгарија со помош на Луксембург и во Литванија со воени авиони за медицински третман од Романија. Девет европски земји, Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка веднаш ја ставија на располагање својата помош преку механизмот.