На целата територија на нашта земја и денес се активирани четири пожари, што предизвикува загриженост кај локалното население и надлежните служби. Според официјални информации од Центарот за Управување со Кризи (ЦУК) информираат дека на целата територија се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор.
Од овие активни се четири пожари на територија село Нивичино каде има нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Другите пожари се на територија на Општина Македонски Брод во село Грешница каде што е зафатена мешана шума и сува трева. И помеѓу селата Црешнево, Локвица и село Крапа каде најмногу зафатена е деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
И четвртиот пожар е во Општина Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, и таму зафатена е мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Според информациите од ЦУК дознаваме дека под контрола се пожарите во Општина Желино, Општина Велес, и Општина Струга.