Фестивалот ќе продолжи традиционално во Охрид и тоа на 20-ти јуни со настап на мулти-инструменталистот Даниел Јовески и Голема изложба на фотографии од Охридското Езеро.

На 21-ви јуни ќе биде прославен Денот на Охридското Езеро со концерти на виртуозите Дамјан Пејчиноски на гитара и Никола Мицевски на хармоника, а потоа една од најдобрите македонски групи Љубојна со специјална гостинка певицата Алба Дајлани од Албанија.
И двата настани ќе се одржат на плоштадот Долна порта, пред хотел Алекександрија со почеток во 13 ч а влезот е слободен.
Фестивалот е поддржан од Министерство на култура и Општина Охрид.