Во соопштението се наведува дека вработените во KWS ги пронашле остатоците од телото на девојчето покрај реката Мбагати, а повик за итна помош дал еден тинејџер, пренесува BBC.
Лавот не е пронајден, но KWS соопштила дека поставила замка и формирале тимови за потрага по животното.
Националниот парк Најроби се наоѓа само 10 километри од центарот на градот и таму живеат лавови, биволи, жирафи, леопарди и гепарди. Паркот е ограден од три страни за да се спречи животните да се движат низ градот.
Во Кенија не се чести случаите на убиствени напади од лавови.
KWS соопштила дека во саботата 54-годишен маж бил убиен од слон во централниот дел на Кенија, околу 130 километри северно од Најроби.