Четириесет и пет актери се во официјална конкуренција за единствената награда за високи актерски достигнувања „Ристо Шишков“ која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во висина од 1.500 евра.
Селектор на фестивалот е Љупчо Ѓоргиевски.
Организаторите велат дека преобладуваат домашни претстави поради ограничен буџет.
Фестивалот се отвори вчера со претствата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски и изведба на струмичкиот театар „Антон Панов“.
Оваа претстава доби три награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, за најдобра претстава, за најдобра машка улога и за најдобра епизодна женска улога.
Фестивалот ќе трае до 13 септември, а во рамки на офф програмата ќе има промоција на списанието за култура и уметност „СУМ“.