Четириесет и пет актери во конкуренција за наградата „Ристо Шишков“

Фестивалот се отвори вчера со претствата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски и изведба на струмичкиот театар „Антон Панов“

Четириесет и пет актери се во официјална конкуренција за единствената награда за високи актерски достигнувања „Ристо Шишков“ која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во висина од 1.500 евра.

Селектор на фестивалот е Љупчо Ѓоргиевски.

Организаторите велат дека преобладуваат домашни претстави поради ограничен буџет.

Фестивалот се отвори вчера со претствата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски и изведба на струмичкиот театар „Антон Панов“.

Оваа претстава доби три награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, за најдобра претстава, за најдобра машка улога и за најдобра епизодна женска улога.    

Фестивалот ќе трае до 13 септември, а во рамки на офф програмата ќе има промоција на  списанието за култура и уметност „СУМ“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни