Четири видови на овошје и зеленчук кои се идеални за оние кои сакаат да ослабат

Постојат неколку начини да ги изгубите несаканите килограми, но најчеста препорака е комбинација од урамнотежена исхрана и вежбање. Се препорачува да се јаде многу овошје и зеленчук, а нутриционистот Анееква Годарт откри кои четири видови на овошје и зеленчук се најдобра опција за оние кои сакаат да ослабат.

Целер
Целерот е нискокалоричен зеленчук кој може да помогне во контролата на тежината. „Прв на листата на овошје и зеленчук за слабеење е целерот. Често се истакнува поради неговиот „негативен“ калориски ефект, што значи дека телото согорува повеќе калории варејќи целер отколку што има калории“, објаснува нутриционистот.

Јаболка
Јаболката се богати со влакна, а конзумирањето на ова овошје може да направи да се чувствуваме сити со часови. Тие се одличен избор за сите оние кои сакаат да го контролираат својот апетит и килограми, пренесува New York Post. Нутриционистот Годарт препорачува почесто да ги вклучуваме во исхраната.

„Јаболката се уште една одлична опција за оние кои сакаат да ослабат. Тие се богати со диетални влакна и пектин кои помагаат да се регулира апсорпцијата на мастите во телото“, додава таа.

Бобинки
Како што објави Њујорк пост, бобинките се една од најдобрите опции за оние кои сакаат да ја контролираат својата тежина, а со тоа се согласува и нутриционист.

„Бобинките, како јагодите, боровинките и малините, имаат малку шеќер, но имаат многу антиоксиданси и влакна, што ги прави совршени за задоволување на желбата за слатки кога се обидувате да изгубите тежина“, објаснува Годарт.

Зеленчук без скроб
Оние кои сакаат да ослабат или се трудат да ја одржат тежината треба да јадат повеќе зеленчук кој не содржи скроб, истакнува нутриционистот. Зеленчукот како брокулата, карфиолот и краставиците содржат висок процент на влакна и вода, што влијае на чувството на ситост, а со тоа и на регулирање на тежината.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни