Четири суматрански тигри родени во Полска, во дивина има само 400 вакви тигри

Зоолошката градина во Полска го прослави доаѓањето на четири младенчиња суматрански тигар, кои се родени на 22 јули. Нивното раѓање се чувало во строга тајна од страв дека нема да преживеат.
Фото: Zoo Wroclaw

Официјални лица во зоолошката градина Вроцлав во југозападниот полски град изјавија дека тигрите, критично загрозен вид чиј број се намали на околу 400 во дивината, се родени на 22 јули.

Но, зоолошката градина одлучи да не излегува во јавноста со вестите додека не пораснат, не добијат сила и не се вакцинираат, изјави портпаролката на зоолошката градина Вероника Лисек.

Секое младенче сега е двојно поголемо од домашната мачка и тежат над осум килограми.

„Радоста е уште поголема што сите четири тигри се развиваат здраво, активни се, желни да јадат и играат“, рече Сергиус Кмиециќ, вршител на должноста претседател на зоолошката градина, која одгледува суматрански тигри од 1960-тите.

Четирите младенчиња се потомци на мајката Нури и таткото Тенга.

Сè уште не е познато каде ќе завршат четирите младенчиња, но тие треба да пораснат пред да се одлучува за тоа.

Суматранските тигри – најзагрозените подвидови на тигрите – се под зголемен притисок од ловокрадството и намалувањето на живеалиштето во џунглата.

Има само околу 400 останати во дивината, според Зоолошката градина во Вроцлав, која има и фондација која работи на поддршка на нивното зачувување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни