Четири пациенти кои се лекуваат по пожарот во Кочани се критични, а кај двајца повторно е влошена состојбата. Сè уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и во животно загрижувачка состојба, изјави денес министерот за здравство Арбен Таравари.
Надвор од државата се лекуваат 89 пациенти, од кои двајца ќе се вратат од Литванија и од Шведска. Тие најпрво ќе бидат примени и прегледани во домашните болници од каде биле и испретени, според протоколот ќе бидат задржани 24 часа, а потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување.