Македонскиот олимписки тим освои еден сребрен и три бронзени медали на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO2024 што се одржа во Пекинг, Кина.
Медалите ги освоија Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево во категоријата на индивидуален тест на знаења, помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти.
Сребрен медал освои Михаела Павловска од Македонска Каменица, а бронзен медал Атанас Ташковски од Крушево, во категоријата за интернационална тимска презентација