Четири лица завршиле на Токсикологија по пожарот во Трубарево, тројца од нив се на домашно лекување

Министерството за здравство формираше кризен штаб по пожарот, направени се протоколи, а претходно објавените препораки од ИЈЗ остануваат да важат

На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица, припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец,  веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу. 

Кај хоспитализираната пациентка, која е со коморбидитети, се прават дополнителни анализи, се третирасоодветно и Алиу се надева дека бргу и таа ќе биде пуштена дома. 

Министерството за здравство формираше кризен штаб по пожарот, направени се протоколи, а претходно објавените препораки од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) остануваат да важат. 

Алиу најави дека Владата попладне на онлајн седница ќе донесе одлука учениците од училиштата во неспосредна близина на локацијата на пожарот да следат настава онлајн една недела. 

Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска соопшти дека според монитпорингот што го прават тие, нема отстапки на параметрите за радијација во воздухот.Во текот на денов ќе се направат дополнителни анализи, ќе се проверат почвата и водата во погодените места, рече Андоновска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни