Четири лица загинале а седум биле спасени откако откако потонал чамец со мигранти во близина на островот Лезбос, Грција.
Од крајбрежната служба на Грција информираат дека под координација на Национален центар за оперативна координација, со патролен чамец и патролен брод, хеликоптер на военото воздухопловство и едно возило на копно, се спроведува акцијата за можно пронаоѓање на исчезнати лица.
Во конкретната област каде што е во тек спасувачката акција, ветерот е со јачина од шест Бофори, што дополнително ја отежнува операцијата на крајбрежната служба.
Според државната телевизија ЕРТ, несреќата се случила во текот на ноќта, а спасените лица се судански државјани.
Крајбрежјето на островот Лезбос е една од најескплоатираните поморски рути за мигранти главно од Африка кои пребегуваат кон Европа.