Четири лица загинаа во инцидент со жичара на југот на Италија

Четири лица загинаа, а едно е тешко повредено кога денеска се откаќи жичарница во близина на Неапол, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил на планината Монте Фаито, на околу 45 километри југоисточно од Неапол.

– Падна кабината на врвот“, напиша на Фејсбук Умберто Де Грегорио, директор на јавната сообраќајна компанија што управува со жичарницата, нарекувајќи го тоа „трагедија“.

Неколку италијански медиуми јавуваат дека еден од каблите што ја држеле кабината се скинал.

Шеснаесет патници биле спасени од кабината, која запрела во близина на подножјето на планината. Тие биле евакуирани еден по еден со помош на појаси.

Спасувачките операции беа отежнати од магла и силни ветрови.

Жичницата беше отворена пред само една недела, кога почна туристичката сезона.

Популарна е поради погледот кон Везув и Неаполскиот залив. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни