Четири децении љубов, ритам и еднаквост: „Хаус музика“ на Скопско лето

Со голема отворена журка во автентичниот амбиент на Сули ан, на 18 јули (петок) со почеток во 21:00 часот, ќе биде одбележан значаен јубилеј – 40 години од појавата на хаус музиката како засебен музички жанр. Настанот, кој е дел од програмата на „Скопско лето 2025“, го носи насловот „Хаус музика – 40 години љубов, ритам и еднаквост“.

Хаус музиката, создадена во раните 1980-ти во Чикаго (САД), денес е основа на глобалната клупска сцена. Од нејзините почетоци, таа се вградува и во македонската музичка култура, каде што со децении е присутна во клубовите, медиумите, радиоемисиите и телевизиските програми.

На специјалната вечер посветена на овој жанр, својата почит и љубов кон хаусот ќе ја изразат тројца ди-џеи кои играле важна улога во неговата промоција и развој кај нас: Јулијана Милутиновиќ, Зија Вишко и Зоки Бејбе. Тие со својата музика ќе нѐ потсетат зошто хаусот значи многу повеќе од само звук – тој е културно движење, симбол на заедништво и уметничка слобода.

Настанот ќе биде збогатен и со освежителни пијалоци од пријателите, кои ќе се погрижат атмосферата да биде комплетна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни