Хаус музиката, создадена во раните 1980-ти во Чикаго (САД), денес е основа на глобалната клубска сцена. Од нејзините почетоци, таа се вградува и во македонската музичка култура, каде што со децении е присутна во клубовите, медиумите, радиоемисиите и телевизиските програми.
На специјалната вечер посветена на овој жанр, својата почит и љубов кон хаусот ќе ја изразат тројца ди-џеи кои играле важна улога во неговата промоција и развој кај нас: Јулијана Милутиновиќ, Зија Вишко и Зоки Бејбе. Тие со својата музика ќе нѐ потсетат зошто хаусот значи многу повеќе од само звук – тој е културно движење, симбол на заедништво и уметничка слобода.
Настанот ќе биде збогатен и со освежителни пијалоци од пријателите, кои ќе се погрижат атмосферата да биде комплетна.