Чешка ја зголемува брзината на автопатите на 150 км/ч – поставени нови знаци!

Чешка Република стана првата земја членка на Европската унија што воведува пробно зголемување на максималната дозволена брзина на автопатите на 150 километри на час.

Новите електронски сообраќајни знаци веќе се поставени на дел од автопатот D3, кој го поврзува Прага со Линц, а пилот-проектот официјално ќе започне кон крајот на септември.

Моментално, делница долга 50 километри меѓу Tábor и České Budějovice е опремена со променлива сигнализација. Иако зоната сè уште не е целосно отворена за сообраќај, Управата за патишта и автопати на Чешка потврди дека тестирањето наскоро ќе започне.

Како ќе функционира новото ограничување?

  • Вообичаено ограничувањето на брзината во Чешка е 130 км/ч.
  • Новиот систем ќе дозволува возење до 150 км/ч само при добри услови – сува коловозна површина, добра видливост и уреден сообраќаен тек.
  • Во услови на дожд, снег или мраз, брзината автоматски ќе се намали за најмалку 20 км/ч.

Проектот чинеше 2,2 милиони евра, а беа поставени 42 дигитални сообраќајни знаци. Владата најави дека мерката ќе се прошири и на други автопати, меѓу кои D1 кон Острава и D11 во правец на Храдец Кралове.

Брзина и безбедност

Иако проценките покажуваат дека возачите на 50-километарската делница ќе заштедат само околу 3 минути, властите нагласуваат дека безбедноста останува врвен приоритет.

Со оваа промена, Чешка ќе стане втората „најбрза држава“ во Европа, веднаш зад Германија – каде на многу делници воопшто нема ограничување на брзината.

За споредба:

  • Во Бугарија, Полска и Турција максималната дозволена брзина е 140 км/ч.
  • Во поголемиот дел од Европа ограничувањето е 130 км/ч или помалку.
  • Австрија меѓу 2018 и 2020 година тестираше лимит од 140 км/ч, но проектот беше укинат поради загриженост за емисиите на CO₂.
  • Во Холандија, од 2020 беше воведено дневно ограничување од 100 км/ч, но од април 2025 на одредени делници повторно е дозволена побрза возачка и во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни