ChatGPT воведува предвидување на возраст за подобра заштита на малолетниците

OpenAI воведува нова безбедносна функција во ChatGPT која преку предвидување на возраста автоматски го ограничува пристапот на малолетници до чувствителна содржина.

OpenAI воведе нова функција во ChatGPT која користи предвидување на возраста на корисниците со цел да се ограничи пристапот на малолетници до чувствителна и потенцијално штетна содржина. Станува збор за дополнителен безбедносен механизам чија цел е унапредување на заштитата на корисниците помлади од 18 години.

Системот за предвидување на возраст се базира на анализа на однесувачки и кориснички сигнали, како што се возраста што корисникот сам ја навел, староста на корисничката сметка, времето и зачестеноста на активностите, како и шемите на користење во подолг временски период. Доколку ChatGPT процени дека корисникот е малолетен, автоматски се активираат дополнителни ограничувања на содржината.

Овие ограничувања вклучуваат забрана за прикажување графичко насилство и експлицитни сцени, вирални предизвици кои можат да поттикнат ризично однесување, сексуален, романтичен или насилен roleplay, содржини поврзани со самоповредување, како и материјали што промовираат екстремни идеали за убавина, нездрави диети или срамење на телото.

За полнолетните корисници кои по грешка ќе бидат класифицирани како малолетни, OpenAI овозможува повторно добивање целосен пристап преку потврда на возраста со селфи. Функцијата за предвидување на возраст се воведува на глобално ниво, но во Европската Унија ќе стане достапна по неколку недели, поради усогласување со регулаторните барања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни