Гигантот на електронска трговија Alibaba, ја објави својата верзија на AI модел, за кој тврди дека го надминува актуелниот хит – DeepSeek. Се работи за моделот на вештачка интелигенција Qwen 2.5-Max.
Одлуката на Alibaba да го објави Qwen 2.5-Max за време на Лунарната Нова година потврдува дека и кинеските технолошки компании се под притисок да се истакнат на пазарот и да останат конкурентни во сè побрзо растечката сфера на вештачката интелигенција.
Тестовите на компанијата сугерираат дека Qwen 2.5-Max ја осигурил водечката позиција со резултат од 89,4 поени на Arena-Hard бенчмаркот, кој ги споредува AI моделите врз основа на тоа како одговараат на прашања од луѓето.
Кога станува збор за MMLU-Pro бенчмаркот, кој тестира дали AI моделот може да решава проблеми на универзитетско ниво, тестирањето на Alibaba покажува дека Qwen 2.5-Max е подобар од DeepSeek и е споредлив со ChatGPT.
“Овој потфат ветува дека нашите модели имаат потенцијал да ја надминат човечката интелигенција, откривајќи потенцијал за истражување на непознати територии на знаење и разбирање”, изјавиле програмерите на Alibaba на GitHub.