Чак Норис вежба на 84 години: Кога ќе завршам, теговите одмараат

Актерот Чак Норис пред неколку месеци го прослави својот 84. роденден, но со последното видео кое го објави на Инстаграм покажа дека се чувствува млад.

„Се вели дека кога ќе завршам со вежбите, теговите треба да прават пауза, хаха! Шала на страна, се надевам дека имавте одлично лето и дека ќе имате прекрасен остаток од годината. Господ да ве благослови, Чак Норис“ напиша актерот.

Фановите на Норис под видеото оставија многу коментари шегувајќи се со популарните „Факти за Чак Норис“. „Чак Норис не мора да дига тегови, тие сами се подигнуваат“, „Ова е лага, тој не се загрева, тој се одмора“, „Теговите се плашат да не се тешки“, „Чак Норис не се загрева, теговите му се ладат“, „Чак Норис не дига тегови, само ја исклучува гравитацијата“ се дел од коментарите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни