Цените на суровата нафта го забележаа најголемиот неделен раст во историјата на тргувањето со фјучерси, поттикнати од ескалацијата на војната на Блискиот Исток. Американската WTI нафта порасна за 35,63 проценти на неделна основа и се затвори на 90,90 долари за барел – рекорд кој не е забележан од 1983 година. Глобалната референтна нафта Брент скокна за околу 28 проценти, на 92,69 долари.
150 долари за барел – и колапс на светските економии
Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби директно предупреди дека цените би можеле да достигнат 150 долари за барел доколку танкерите не можат да поминат низ Ормутскиот теснец. „Таквото сценарио би можело да ги урне светските економии”, рече ал-Каби, додавајќи дека сите извозници во Заливот ќе бидат принудени да прогласат виша сила во наредните денови ако конфликтот продолжи.
Производството веќе се руши
Ирак го запрел производството од 1,5 милиони барели дневно, а Кувајт го намалува откако му снема складишен простор. Аналитичарите на JPMorgan предупредуваат дека намалувањето на глобалното производство би можело да достигне 6 милиони барели дневно до крајот на следната недела ако Ормутскиот теснец остане затворен.
Што следи
Војната меѓу Иран и САД влезе во седмиот ден. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во четврток изјави дека САД „штотуку ја започнале борбата”, сигнализирајќи дека краткорочен крај на конфликтот не се очекува.