Златото денес се тргува над 141 евра за грам на светските пазари

Актуелните котации покажуваат дека златото достигнува околу 141–142 ецра по грам, додека една унца се тргува над 4.380 евра, на глобалниот пазар

Цената на златото на меѓународните берзи денес (26 февруари 2026) се движи на над 141 евра по грам за 24-каратно злато, според најновите податоци од живите котации на светскиот пазар.

Според актуелните референтни берзански котации, цената на 24-каратно злато е околу 141,20 евра по грам на меѓународните пазари, со дневни флуктуации во рамките на приближно 140,30 до 142,60 евра за грам.

Една унца злато (31,1 грам) на спот-пазарот се тргува околу 4.380 евра, што ја одразува глобалната побарувачка за инвестицискиот метал.

Во Македонија, според локалните живи цени пресметани по актуелниот курс, 1 грам 24-каратно злато вреди приближно 8.700 македонски денари (околу 167 евра), додека 1 унца (31,1 г) изнесува околу 271.000 денари (околу 5.200 евра).

Аналитичарите објаснуваат дека златото го одржува високото ниво најчесто поради геополитичките тензии, инфлациските очекувања и зголемената побарувачка за „сигурни засолништа“ во сложени економски периоди. Овие фактори може дополнително да влијаат на флуктуациите на цената на метали како златото и среброто.

Цените на златото остануваат подложни на дневни варијации, особено поради движењата на доларот, економските индикатори и геополитичките случувања. Инвеститорите и набљудувачите на берзите ќе ги следат овие фактори за да предвидат идни промени во трендовите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни