Дизелот во Македонија скокна од 65 на 92 денари за два и пол месеци

Цената на дизелот во Македонија порасна за над 40% за само 70 дена. Од 65 денари сега достигна 92 денари по литар.

За само два и пол месеци цената на дизелот во Македонија порасна од 65 на 92 денари за литар, што претставува скок од над 40 проценти.

За седумдесет дена цената на дизелот драматично се зголеми, а до каде ќе оди овој тренд во моментов никој не може да предвиди. Дел од причините се поврзуваат со случувањата во Ормускиот теснец, додека Владата засега не презема конкретни мерки.

Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, на 23 декември минатата година цената на дизелот изнесувала 64,50 денари за литар. На 30 декември се зголемила на 65 денари, а потоа повторно се вратила на 64,50 денари и останала на тоа ниво до 21 јануари.

Од тој период започнува наглото поскапување. Цената прво се зголеми на 66,50 и 67,50 денари, потоа неколку недели се задржа на 68 денари, по што следуваше нов раст – на 69 и 71 денар за литар.

Потоа следуваше најголемиот ценовен шок, кога дизелот скокна на 85,50 денари, а сега достигна и 92 денари за литар.

Сличен тренд има и кај бензините, но со помал интензитет. Таму зголемувањето изнесува околу 16,5 денари, односно околу 23 проценти.

Од податоците се гледа јасен тренд на раст и „преврат“ на цените, при што дизелот сега значително ја надмина цената на бензините.

Колку ќе трае ова поскапување и дали ќе следуваат мерки од државата останува неизвесно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни