CDC го измени текстот: Веќе не наведуваат дека вакцините „немаат никаква врска“ со аутизмот

CDC ги ажурираше своите упатства и ја смени формулацијата за односот меѓу вакцините и аутизмот, што предизвика силни реакции во јавноста. Научните докази и понатаму не ја поддржуваат идејата за поврзаност.

Американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC) вчера ги ажурираа своите насоки, наведувајќи дека тврдењето дека вакцините не предизвикуваат аутизам не е „утемелено на докази“. Оваа промена предизвика бројни реакции во јавноста.

До средата навечер, на официјалната веб-страница на CDC стоеше дека „студиите покажале дека нема врска помеѓу примањето вакцини и развојот на нарушувања од аутистичниот спектар“. Новата формулација гласи: „Тврдењето ‘вакцините не предизвикуваат аутизам’ не е тврдење засновано на докази, затоа што студиите не ја исклучиле можноста вакцините за доенчиња да предизвикуваат аутизам.“

Во текстот е додадено и дека здравствените власти „игнорирале“ студии кои наводно упатуваат на поврзаност меѓу вакцините и аутизмот. Оваа теорија, спротивна на досегашните научни докази, долго ја промовирале поранешниот американски државен секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор и претседателот Доналд Трамп.

Насловот останува непроменет

Интересно е што агенцијата го задржа насловот на страницата — „Вакцините не предизвикуваат аутизам“. Како причина се наведува договорот со сенаторот Бил Касиди, претседател на Комитетот за здравство, образование, работна сила и пензии во американскиот Сенат.

Противниците на вакцинацијата ја поздравија измената

Очекувано, групата Children’s Health Defense, која претходно ја водеше Кенеди, ја поздрави промената. „CDC почнува да ја признава вистината за ова состојба која погодува милиони, откажувајќи се од долгогодишната лага дека ‘вакцините не предизвикуваат аутизам’“, соопштија на социјалната мрежа X.
Кенеди одамна ја грли теоријата за поврзаност меѓу вакцините и аутизмот и се обидува да влијае врз националните политики за вакцинација.

Што е аутизам и што вели науката?

Аутизам е невролошко и развојно нарушување кое предизвикува специфични начини на однесување, комуникација, учење и интеракција. Причините сè уште не се целосно разјаснети, но критично е да се истакне дека до денес ниедна ригорозна научна студија не нашла врска помеѓу аутизмот и вакцините, ниту со нивните компоненти како тимеросал или формалдехид.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни