Канабидиолот, попознат како CBD, ја модифицира активноста на парасимпатичниот нервен систем и ги намалува физичките знаци на анксиозност и желбата за алкохол кај луѓето кои прекумерно конзумираат алкохол.
Авторите на студијата препорачуваат да се направат повеќе истражувања за да утврдат дали CBD може да биде ефикасен третман кој би им помогнал на луѓето да се опорават од алкохолизмот. Студијата се обиде да испита дали CBD може да ја измени желбата и нерегулираните одговори на знаците за алкохол кај луѓето кои се борат со оваа зависност.
CBD е природна компонента на растението канабис која не произведува психоактивни ефекти. Австралиските истражувачи, на возрасни луѓе кои имаат проблем со алкохолот, во период од три дена, им давале 800 милиграми CBD дневно или плацебо. Желбата и расположението на учесниците се проценувале периодично со помош на прашалници, а физиолошките одговори биле мерени со помош на електроди на кожата, вклучително и додека учесниците биле во присуство на алкохол и аудио и визуелни знаци поврзани со пиењето.
Според неколку параметри било откриено дека, за разлика од плацебо, CBD корисно делува врз анксиозноста и желбата за алкохол.
,,Учесниците на кои им беше администриран CBD покажаа зголемена варијабилност на срцевиот ритам со висока фреквенција, што укажува на зголемена активност во парасимпатичниот нервен систем, што му помага на телото да се релаксира за време на стрес и може да го намали чувството на потреба од пијалок”, се вели во студијата.
Учесниците на сесиите на CBD, исто така, пријавија намалување на анксиозноста, спротивно на групата плацебо. За време на изложеност на знаци на алкохол, активноста во парасимпатичниот нервен систем малку се намали, но по задачата за предупредување за алкохол, групата CBD пријави намалена желба за алкохол, што не било случај со плацебо групата. Студијата, исто така, покажа дека учесниците добро го толерираат CBD и не биле пријавени значителни несакани ефекти.
Претходните истражувања покажаа дека прекумерното пиење е поврзано со зголемено ниво на анксиозност и на стрес и придонесува за релапс. Студиите на животни покажаа дека CBD има невропротективни ефекти и ја намалува анксиозноста. Наодите на тековната студија дека CBD може да ги намали симптомите на анксиозност и желба без негативно да влијае на извршната функција или будноста означува дека може да има терапевтски потенцијал за луѓето со нарушување на употребата на алкохол.
Иако е спроведена на мал примерок на луѓе, студијата обезбедува насоки за поголеми и подолги студии за терапевтска ефикасност на CBD кај луѓето.