Casio презентираше крзнен робот дизајниран да се гали со вас за да ве смири

Casio отвори преднарачки за своето роботско милениче наречено Мофлин, кое изгледа како комбинација помеѓу хрчак и Tribbles од Star Trek.
Фото: Casio

За разлика од роботското куче на Sony, Aibo, кое може да ве следи наоколу, Moflin е дизајниран да се држи и гушка, а со текот на времето, Casio вели дека ќе научи кои сте и ќе се обиде да развие симулирана врска изразена преку уникатни звуци и движења.

Првично развиен преку соработка со јапонски стартап наречен Vanguard Industries, Мофлин сега се произведува и дистрибуира од Casio. Може да се нарача за околу 400 долари и се очекува да биде достапен почнувајќи од 7-ми ноември. Casio нуди и опционална услуга за претплата наречена Club Moflin за 44 долари годишно, што ви дава попуст за поправки, чистење, па дури и целосна замена на крзното.

Молфин не е дизајниран да биде играчка за играње како Aibo на Sony. Наменет е да биде повеќе придружник кој ќе ве теши и потенцијално алатка за подобрување на вашата ментална благосостојба, слично на Qoobo, роботската мачка без глава. Додека го држите, ограничените движења на главата и телото на Мофлин би требало да направат да се чувствува како крзнениот робот да се обидува да се гушка со вас, а како и кај многу уреди кои дебитираа оваа година, има и некои функции напојувани со вештачка интелигенција.

Мофлин треба да научи да ја препознава личноста која најмногу комуницира со него преку нивниот глас и начинот на кој ракува со ботот, и ќе одговори со уникатни звуци и движења изразени само на таа личност за да симулира блиска врска.

Фото: Casio

Роботот е дизајниран и да развива свои симулирани чувства и личност, кои можат да се менуваат со текот на времето. Со редовни интеракции, ќе стане среќен, сигурен и смирен. Ако се игнорира, може да изгледа како да е под стрес, вознемирен и тажен. Но, со оглед на ограничените емотивни способности на роботот, тој не испушта тажни звуци или не покажува вознемирено мрдање, за да ги покаже тие чувства. Неговата емоционална состојба може да се одреди само преку апликација, поради што роботот знае да наликува на скап Чипичан, минус сите дигитални награди за вредниот негувател. Апликацијата може да се користи и за намалување на јачината на звукот на роботот.

Фото: Casio

За дополнително да се зајакне илузијата дека Мофлин е живо суштество, наместо да се полни со USB кабел, роботот доаѓа со мал кревет во кој изгледа дека роботот спие додека се полни. Casio проценува дека траењето на батеријата со целосно полнење ќе биде блиску до пет часа, додека со три и пол часовна дремка ќе биде подготвен повторно да ви биде бот за емоционална поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни