Иако денес е популарен и преку интернет мимови, Чак Норис изгради кариера како симбол на непобедлив акционен херој – а само двапати во животот застана на страната на негативците.
Уште во доцните 1960-ти, додека активно се натпреварувал на карате турнири, од кои се повлекол непоразен, Норис се спријателил со Брус Ли, кој тогаш бил на прагот да стане една од најголемите ѕвезди на боречките филмови.
Клучен поттик за неговата актерска кариера му дал Стив Меквин, кој бил редовен посетител во неговите карате студија. Токму тоа пријателство го мотивирало Норис да започне со часови по глума и да ја добие својата прва поголема улога.
Првата голема прилика ја добил во филмот на Брус Ли од 1972 година, „На змајевиот пат“ („The Way of the Dragon“), каде ја одиграл својата прва негативна улога.
Иако популарноста на боречките филмови кон крајот на 1970-тите почнала да опаѓа, 1980-тите се покажале како идеален период за Норис. Публиката го прифатила како непобедлив акционен херој кој без напор се справува со непријатели, а тој станал едно од заштитните лица на жанрот.
Иако можеби не бил актер со широк глумечки дијапазон, тоа не било пресудно. Филмовите како „Еден против сите“, „Око за око“, „Тивок гнев“, „Прекумерна сила“, „Исчезнати во акција“, „Закон на тишината“ и „The Delta Force“ му донесоа огромна популарност.
Сепак, улогите на негативец никогаш не биле негов избор. Освен во „На змајевиот пат“, втор и последен пат ја играл „лошата страна“ во филмот „Yellow Faced Tiger“ од 1974 година, познат во САД како „Slaughter in San Francisco“.
Во едно интервју за списанието Empire, Норис се присети на таа улога: „Глумев наркобос кој пуши пура и се обидува да ја нападне девојката на својот брат.“
По овие две искуства, во следните 40 години Норис целосно се посветил на улогите на херои, заклучувајќи дека негативните ликови едноставно не се за него.