Одредени видови незасладен чај, благодарение на богатството од антиоксиданси, можат природно да придонесат за намалување на нивото на шеќер во крвта. Затоа често се препорачуваат кај лица со дијабетес или кај оние кои имаат зголемен ризик од негов развој. Научните истражувања покажуваат дека редовната консумација на одредени чаеви може позитивно да влијае врз чувствителноста на инсулинот и подобрата регулација на гликозата.
Зелениот чај е еден од најистражуваните, бидејќи содржи катехини кои го подобруваат одговорот на организмот на инсулин и го олеснуваат преносот на гликозата во клетките. Сличен ефект има и црниот чај, кој исто така содржи корисни соединенија со антиоксидативно дејство. Истражувањата покажуваат дека чајот од хибискус може да придонесе за подобрување на чувствителноста на инсулинот, додека чајот од цимет се поврзува со намалување на нивото на шеќер во крвта.
Дополнително, чајот од куркума не само што помага во регулирањето на шеќерот, туку може да придонесе и за намалување на маснотиите во крвта. Некои студии укажуваат дека редовната консумација на зелен и црн чај може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2. Чајот од маточина и ѓумбир, пак, покажуваат потенцијал да влијаат врз одредени молекули поврзани со дијабетесот, што дополнително ја нагласува нивната корисна улога во исхраната.
Иако чаевите можат да бидат корисен природен додаток, тие не треба да се сметаат за замена на медицинска терапија, туку како дел од балансиран начин на живот и здрава исхрана.
