Не стивнуваат реакциите во Шпанија по натпреварот меѓу Girona FC и FC Barcelona, откако дел од јавноста ги оспори судиските одлуки кои, според нив, директно влијаеле врз конечниот исход и победата на домаќинот.
Навивачите на Барселона сметаат дека зад спорните моменти стои поширока позадина и тврдат дека на овој начин му се отвора патот на Real Madrid CF кон шампионската титула. Социјалните мрежи беа преплавени со реакции, а незадоволството кулминираше по вториот гол на Џирона, кој дел од симпатизерите го оценија како спорен.
Особено бурно реагираше новинарот Jota Jordi, познат како отворен поддржувач на Барселона, во емисијата „El Chiringuito“. Веднаш по погодокот тој порача дека „сѐ е наместено Реал Мадрид да ја освои титулата“ и го нарече случувањето срамота.
По натпреварот неговиот тон беше посмирен, но пораките останаа остри. Тој истакна дека ова, според него, не е изолиран случај, туку дел од поширока слика што се повторува во текот на целата сезона, нагласувајќи дека во Барселона чувствуваат неправда која трае со години.