Бурата Херминија во Европа носи обилни дождови и силни ветрови

Предупредувања биле издадени во делови од Шпанија, Португалија, Франција, Велика Британија и во Ирска

Бурата Херминија ги зафати земјите низ Европа со силни ветрови, обилни дождови и моќни бранови. Невремето од шпанските метеоролошки власти беше именувано уште од пред неколку денови, кога беа забележани удари од урагански сили.

Според локалните медиуми едно лице во Оренсе, наводно, загинало во сообраќајна несреќа поврзана со тешките временски услови, додека повеќе од 13.000 луѓе во Галиција останале без електрична енергија. Во Франција, осум области беа под портокалово предупредување за временски услови, додека под црвено предупредување била областа Ил-ет-Вилен. Во главниот град на оваа област биле забележани најголемите поплави во последните 40 години, а локалните власти предупредуваат дека прогнозата останува „неповолна“ за наредните часови и денови. Семејствата биле принудени да се евакуираат од Ил-ет-Вилен, а нивото на водата се уште расте. Од утрово пумпи испумпуваат вода од визбите.


Во меѓувреме, Девон и Корнвол во Велика Британија, остануваат под жолто предупредување за времето, а повеќе од 1.000 домови на југозапад сè уште се без струја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни