Обилни дождови предизвикаа големи поплави во североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти.
На видеа кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат порои од каллива вода како се шират низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона и поместуваат сè што им е на патот. Највисок црвен аларм е прогласен во крајбрежната покраина од страна на националната метеоролошка агенција на Шпанија AEMET.
Досега нема извештаи за смртни случаи или повредени. Агенцијата за цивилна заштита на Каталонија ги повика жителите во делтата на Ебро во Тарагона да останат во своите домови, бидејќи AEMET предупреди за 180 милиметри дожд за 12 часа во областа.
Причина за ваквите дождови и поплави е налетот на бурата „Алис“
„Ситуацијата е комплицирана и се предвидуваат уште дождови“, изјави Кристина Висенте, висок службеник во агенцијата, цитирана од весникот „Ла Вангуардија“.
Поради бурата, железничкиот сообраќај на Медитеранскиот коридор, кој ги поврзува градовите како Барселона и Валенсија, е суспендиран до понатамошно известување.