„Бунтовнички игри“ играа студенти од етнологија и антропологија

Презентација на „Бунтовнички игри“, посветена на жени од историјата на Македонија кои се бореле за правда се одржа вчера на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Станува збор за сет од неколку игри – магнетни парови, флеш картички со факти, меморија итн., кои се дел од кампањата „Биди чудо од девојка“ спроведена од Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Мрежата „Стела“ и со поддршка од Британска амбасада во Скопје.

– Нашиот поранешен студент Оливер Андреевски од Националниот совет ги воведе студентите во едукативните игри. Тие пак, научија нешто повеќе или се потсетија на значајни жени од нашето минато но и сегашност, кои се инспирација за денешните девојки и жени, како Рајна Алексовска, првата фармацевтка на Балканот или Арбнора Мемети, денешна фоторепортерка и активистка – велат од ИЕА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни