Бунт во италијанско гратче – не дозволуваат елката стара 200 години да се пресече и однесе во Ватикан

Синоќа жителите на едно гратче во близина на италијанското езеро Гарда одржаа протест против сечењето на новогодишна елка, која требало да биде однесена воо Ватикан.
Фото: diamond geezer/Flickr

Елката висока 29 метри треба да се исече и да се пренесе на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Околу 5.000 жители на долината Вал ди Ледро, на околу 20 минути од малиот град Рива дел Гарда, направија круг околу 200-годишната ела која требаше да биде исечена за да служи како новогодишна елка во Свети Петар, плоштадот во Ватикан.

„Тоа е обичај кој мора да престанеме да го практикуваме за доброто на животната средина“, најавија организаторите на протестот и апелираа до поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, да го поштеди „Зелениот џин“.

Петицијата да се спаси дрвото од сечење собра повеќе од 50.000 потписи на веб-страницата change.org.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни