Бум на вработување пред празниците: Позната компанија бара 12.000 сезонски работници

Сезонските договори траат до крајот на годината, а зголемувањето на вработеноста делумно се должи на новите логистички локации, вклучувајќи два дистрибутивни центри.

Пред празничниот бран на шопинг, Amazon отвора дури 12.000 сезонски работни места во Германија поради нагло зголемување на побарувачката и проширување на логистичките капацитети.

Американскиот технолошки лидер за онлајн трговија, Amazon, одлучи да вработи околу 12.000 сезонски работници во Германија пред претстојните празници.

Amazon веќе објави дека во неколку германски градови, пред црниот петок веќе ги доделила првите договори за привремена работа, и најави дека процесот е сè уште во тек, со оглед на тоа што во неделите пред Божиќ, онлајн купувањата се интензивни.

Привремениот персонал ќе работи на логистичките локации на компанијата, извршувајќи задачи како што се сортирање пакети.

Возачите на достава, кои работат како изведувачи, не се вклучени.

Сезонските договори траат до крајот на годината, а зголемувањето на вработеноста делумно се должи на новите логистички локации, вклучувајќи два дистрибутивни центри.

Amazon Германија вработува околу 40.000 постојани работници. Од таму информираа дека е потребна дополнителна сезонска работна сила за да се справи со очекуваниот пораст на нарачките за време на врвот на сезоната на празнично пазарување во ноември и декември.

Амазон веќе 10 години работи со сопствена услуга за достава во Германија и во тој период испорача околу пет милијарди пакети.

Според германската Федерална агенција за мрежи, Амазон е втор најголем превозник на пакети во земјата по DHL.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни