Луксузот и брзината повеќе не се резервирани само за автомобили – Бугати претстави велосипед кој чини повеќе од нов автомобил.
Во соработка со британскиот производител Factor Bikes , создаден е Bugatti Factor One , ограничен на само 250 примероци низ целиот свет.
Велосипедот е направен речиси целосно од јаглеродни влакна:
- Рамката е оптимизирана за минимален отпор на воздух
- ултра лесни тркала тежат 1.298 g по пар
- карбонски компоненти – од погон до сопирачки
Специјално развиените гуми се од Continental, додека препознатливата сина боја јасно го открива потеклото.
Цената започнува од 23.599 долари (околу 21.000 евра), што е, да речеме, повеќе од основната верзија на Toyota Corolla.
Но, овој модел не е само велосипед, туку еден вид статусен симбол – наменет за колекционери и обожаватели на брендот кои сакаат нешто поинакво од класичните супер автомобили.