Кирил Маричков паднал од бината за време на настапот и ја удрил главата, па се уште не е јасно дали имал срцев удар или само доживеал несреќа на сцената. Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути, јавуваат бугарските медиуми.
Поради трагедијата концертот бил прекинат, а полицијата го обезбедувала регионот. Брзата помош пристигнала за седум минути, а според информациите Маричков починал при реанимација.
Колеги и приятели на Кирил Маричков са потресени от нелепата му кончина. Легендарният рокмузикант загина в късния следобед при инцидент по време на концерт във врачанското село Селановци, където супергрупата с негово участие "Фондацията" е имала концерт. Той се е спънал, паднал е… https://t.co/Z3ZLfqd3Lz pic.twitter.com/Mw0LnWQwut
— град София (@sofiagrad) October 11, 2024
Бугарската рок легенда на 30 октомври наполни 80 години. Првите чекори на Кирил Маричков во музичкиот свет беа со бендот „Бандараците“ каде што свиреше на бас гитара.
Во 1967 година, откако „Бандараците“ се распаднаа, Маричков и тапанарот Петар Цанков го основаа бендот „Штурците“ , каде што го оствари својот најголем успех како музичар и изведувач.
„Штурците“ се смета за една од највлијателните бугарски рок групи во 20 век.
Неговото семејство вели дека тој секогаш сакал да си замине вака, на сцена.