Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време за време на летниот распуст

Предлог-законот за измена на Законот за работни односи беше поднесен од Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а беше едногласно одобрен со 181 глас „за“.

Парламентот на Бугарија денеска на прво читање изгласа предлог закон со кој родителите на деца до 12 години за време на летниот распуст ќе може да имаат скратено работно време или да работат од далечина.

Предлог-законот за измена на Законот за работни односи беше поднесен од Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а беше едногласно одобрен со 181 глас „за“.

Досега Законот за работни односи предвидуваше можност родителите на деца под осум години да имаат  флексибилно работно време. Овој предлог им овозможува на родителите и старателите на деца до 12 години да имаат корист од ова, но само за време на летниот распуст. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни