По масовните протести против новиот буџетскиот закон, денеска падна бугарската влада.
Премиерот Росен Жељазков соопшти дека коалицијата решила да се повлече по разгледување на состојбите и притисокот од јавноста.
„Владата поднесе оставка. Коалицијата се состана и ја анализираше актуелната ситуација, како и одлуките што треба да ги донесеме. Протестот треба да ги изнедри своите лидери и да покаже како ќе се одвива транзицијата во следните турбулентни месеци. Транзицијата мора да биде обезбедена и тоа мора да биде јасно пред гласањето за буџетот за 2026 година“, изјави Жељазков.
Со ова, државата одново влегува во полиитчка неизвеснот и тоа неколку недели пред официјалното воведување на еврото и влез во Еврозоната
Претходно денес, гласањето за шестото по ред недоверба беше прекинато, откако опозициските пратеници почнаа да скандираат „Оставка“, јави „Нова“.
Жељазков порача дека граѓаните треба да ги изберат своите официјални лидери, истакнувајќи дека тоа не е предизвик упатен кон политичарите Асен Василев, Божидар Божанов, Атанас Атанасов или кон претседателот Румен Радев. „Нашата желба е да бидеме на нивото што општеството го очекува од нас. Го слушаме гласот на демонстрантите“, додаде тој.
