Генерал-мајор Николај Русев, командантот на бугарските воздухопловни сили, денеска соопшти дека Бугарија ќе се опреми со уште два американски ловци Ф-16.
„Моментално имаме четири авиони, а во наредните денови очекуваме пристигнување на петтиот и шестиот авион“, рече Русев, според бугарскиот портал Новините.
Тој рече дека Бугарија нема доволно обучени пилоти за шест американски ловци и дека, додека не заврши нивната обука, воздушниот простор на земјата ќе го чуваат авиони МИГ-26.
„Почнавме да примаме авиони Ф-16, а во моментов го чуваме нашиот воздушен простор со МИГ-29“, рече Русев.
Бугарија ги модернизира своите воени капацитети откако во изминатите години многу од руското и советското оружје го испрати како помош за Украина.