Најниската минимална плата во Европската унија во јануари е забележана во Бугарија – 551 евро, додека највисоката е во Луксембург – 2.638 евра, според истражувањето објавено од Евростат.
Минималната плата на национално ниво е законски утврдена во 22 од 27 земји членки на Европската унија. Исклучок се Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска.
Според податоците за јануари, во 10 земји од ЕУ минималната плата е пониска од 1.000 евра месечно.
Покрај Бугарија, тука се и:
- Унгарија – 707 евра
- Летонија – 740 евра
- Романија – 814 евра
- Словачка – 816 евра
- Чешка – 826 евра
- Естонија – 886 евра
- Малта – 961 евро
- Грција – 968 евра
- Хрватска – 970 евра
Во следната категорија, каде што минималните плати се движат меѓу 1.000 и 1.500 евра месечно, се:
- Кипар – 1.000 евра
- Португалија – 1.015 евра
- Литванија – 1.038 евра
- Полска – 1.091 евро
- Словенија – 1.278 евра
- Шпанија – 1.381 евро
Земји со минимална плата над 1.500 евра месечно се:
- Франција – 1.802 евра
- Белгија – 2.070 евра
- Германија – 2.161 евро
- Холандија – 2.193 евра
- Ирска – 2.282 евра
- Луксембург – 2.638 евра
Податоците покажуваат дека највисоката минимална плата во земјите од ЕУ е 4,8 пати повисока од најниската.
Разликите во минималните плати помеѓу земјите на ЕУ се значително помали ако се земат предвид разликите во нивото на цени во тие држави, се наведува на веб-страницата на Евростат.
Ако се користи вештачката валутна единица PPS (Purchasing Power Standard), која ги елиминира разликите во општото ниво на цени во земјите на ЕУ, се заклучува дека минималните плати се движеле од 878 PPS месечно во Естонија до 1.992 PPS во Германија – што значи дека највисоката минимална плата е само 2,3 пати повисока од најниската
Извор: Танјуг