Бугарија и Романија од 1 јануари целосно во Шенген зоната

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Бугарија и Романија ќе станат полноправни членки на Шенген зоната од 1 јануари 2025 година. Одлуката беше официјално донесена на денешниот состанок на Советот на Европската Унија.

Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи (во формат на министри за внатрешни работи) на денешната редовна седница донесе едногласна Одлука за укинување на внатрешните копнени гранични контроли за Бугарија и Романија, почнувајќи од 1 јануари 2025 година.

,,Ова е голема победа за Бугарија, Романија и за цела Европа“, објави унгарското претседателство. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни