Будимпешта организира Парада на гордоста 2025 и покрај забраната од Орбан

И покрај обидот на унгарскиот премиер Виктор Орбан да го забрани настанот во Будимпешта, градоначалникот Зелен Гергеј Карачони успеа да го спаси денот. Тој соопшти дека градот ќе организира официјален настан заедно со организаторите на Парада на Гордоста, со цел да се одбележи слободата и љубовта.

Како што е најавено, настанот ќе биде одржан како општинска манифестација и затоа нема да биде потребна дозвола од националните власти.

Парадата секогаш била и останува протест за права и еднаквост.

Зелените јасно и гласно порачаа: „Нема да нѐ замолчите.“

Сите се повикани на 28 јуни во Будимпешта да маршираат за слобода и љубов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни