Трн на изложбата

Будење, Копнеж, Допир и Поглед – Михаил Корубин ги претстави новите дела

Вчера вечер во рамки на Скопско лето беше отворена изложбата „Визуелна артикулација“ на Михаил Корубин во изложбен простор во Чифте амам. Пред многубројната публика, меѓу кои и многу јавни личности, Корубин се претстави со неговите најнови дела.

Настанот го отвори Дита Старова, директорката на Националната галерија на Македонија, која го претстави Михаил Корубин како дел од една долга семејна историја на уметници и дел од лозата на великаните на македонското сликарство.

„Вечерва имаме среќа да го имаме Михаил Корубин којшто во својата сликарска уметност се презентира во Националната Галерија со неговата најзначајна тема, со фигурација, со портретна фигурација, но посебен назнак на погледот кои го пренесуваат ликовите во неговите дела. Нешто позначајно што ми го привлече вниамнието кон неговите дела, како што и неговите предци можам да кажам биле современици во поставувањето на основите на македонското сликарство. Има еден нов  правец кој што прв пат кога ми го кажаа арт токен малку се изненадив дали го знам тој збор, но ете станува збор за еден изум коишто самиот уметник го има воспоставено. Така што можам да кажам и како уметник дека секогаш треба уметниците да бараме да бидеме препознени по своите иновации во своите дела. Михаил на релативна млада возраст веќе се пронаоѓа себеси и може успешно да застане со своите дела во Националната Галерија“.

На Корубин ова не му е прва изложба, а неколку пати се има преставено успешно и  надвор од Македонија.

„Ќе ве потсетам ова е 44. Скопско лето. Догодина славиме мал јубилеј, тоа ќе биде 45-то Скопско лето и се надевам дека Дита и нејзините соработници ќе овозможат Скопското лето да биде што побогато, поквалитетно и да биде врвот на културата во Скопје. Не сакам да се осврнувам на маалските културни лета, само сакам уште еднаш да ја искажам мојата благодарност на Дита Старова, на Националната Галерија и на сите вработени во оваа институција кои што ни овозможија и оваа година како и минатата да поставиме дел од содржините на Скопско лето во оваа институција“, изјави Никола Глигоров, директор на Скопско лето.

На крај Корубин се заблагодари на Дита и на Никола за прекрасната соработка, на Националната Галерија и на Скопско лето и сите што помогнаа во местењето на изложбата. „На оваа изложба ќе видите 13 мои дела, слики, масло на платно во голем формат. Тие се од оваа година, 2023 како и дела од арт токен, тоа е еден нов знаковен јазик коишто допрва ќе се развива. Се надевам ќе ви се допадне и уживајте во уметноста!“.

Изложбениот простор беше преполн од посетители кои се восхитуваа како на големите платна така и на минијатурните графики кои како своевидни симболи ги претставуваа најважните работи во животот на еден човек: раѓање, смрт, бакнеж…

Меѓу публиката беше и сопругата на Михаил, Каролина Гочева која уживаше во вечерта. Понатаму, Вера Мештеровиќ, Тамара Тодевска, Дадар, Наташа Мешковска, Наташа Сарџоска, Слаткаристика со сопругата Сања Николиќ, Бобан Милошески – Авалон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни