– Ката Мисиркова-Руменова (95 години од раѓањето)
– Живко Чинго (90 години од раѓањето)
– Ташко Георгиевски (90 години од раѓањето)
– Тодор Чаловски (80 години од раѓањето)
Одбележувањето на јубилеите ќе се одржи задутре, 5 јуни 2025 г., во Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 12:00 часот, а на животот и делото на овие автори ќе нè потсетат, и извадоци од нивни дела ќе прочитаат писателите: Славе Ѓорѓо Димоски, Гоце Ристовски, Љубинка Донева и Марина Мијаковска. Одбележувањето на јубилеите ќе биде отворено и затворено со настап на Марија Ристовска и Вегим Кучи, студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.