Бруталноста на српската полиција и протестите во Нови Сад под лупа на германските медиуми

Германските медиуми остро реагираат на насилната интервенција на полицијата во Нови Сад. DPA и ARD известуваат за репресијата врз демонстрантите, отпуштањата на професори и молкот на ЕУ кон кризата во Србија.

Неколку водечки германски медиуми, меѓу кои новинската агенција DPA, јавниот сервис ARD, и весниците Die Presse, Rheinpfalz и Spiegel, опширно известуваат за ескалацијата на политичката и општествена криза во Србија.

Порталите пренесуваат за насилната интервенција на српската полиција и жандармеријата врз демонстрантите во Нови Сад.

Илјадници луѓе, претежно студенти, мирно протестирале пред Универзитетот во Нови Сад кога биле брутално растерани. Акцијата следела по инцидент при кој непознати лица фрлале предмети кон полицијата, но медиумите наведуваат дека демонстрантите биле ненасилни.

Филозофскиот факултет, каде протестите траат над 10 дена, се смета за жариште на незадоволството, откако студентите биле насилно истерани по деветмесечна окупација.

Повод за протестите било паѓањето на кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад — симбол на негрижа, корупција и институционална пропаст. Германските извештаи ја истакнуваат растечката недоверба на граѓаните кон власта на Александар Вучиќ, како и неговата неспособност да обезбеди стабилност

Во вториот дел од текстот, весникот Die Presse го анализира односот на Вучиќ кон граѓаните преку популистички мерки како државни пакети со евтина храна и ограничувања на извршителите. Овие мерки се оценети како краткорочни и неефективни.

Европската Унија, според весникот Rheinpfalz, речиси 10 месеци останува нем набљудувач на состојбите во Србија, што води до сè поголемо разочарување меѓу граѓаните и слабеење на поддршката за ЕУ-интеграциите. Истовремено, Србија сè повеќе се приближува до Русија и Кина.Во интервју за Spiegel, политикологот Ведран Џихиќ ја истакнува пресвртната точка во која се наоѓа Србија. Според него, постојат дваможни исхода – или предвремени избори, или целосна ескалација на насилството.

Тој исто така забележува интересен феномен: на протестите се појавила солидарност меѓу православни Срби и муслимански Бошњаци, посебно во Нови Пазар, што може да биде позитивен знак за иднината на земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни