Брус Спрингстин влезе во клубот на музичари со над милијарда долари

Фото: DoD News Features, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Американската рок легенда Брус Спрингстин влезе во клубот на музичари чие богатство преминува милијарда долари, со што се приклучи на Ријана, Џеј Зи и Тејлор Свифт, објави Форбс.

Роден во работнички кварт во Њу Џерси, гласот на работничката Америка и херојот на гитара, со децении собираше богатство, пишува Форбс, кој неговото богатство го проценува на 1,1 милијарди долари.

Од првенецот „Greetings from Asbury Park, N.J.“, Спрингстин продаде над 140 милиони албуми ширум светот, а неговите мемоари се бестселери во книжарниците. Во неговата кариера тој освои 20 Греми награди и Оскар за хитот „Streets of Philadelphia“ во 1994 година.

Пејачот на популарниот хит „Born in the USA“ и „Dancing in the Dark“ исто така успеа да го зголеми своето богатство во 2021 година, кога ги продаде правата на Сони за околу 500 милиони долари, по низа распродадени настапи на Бродвеј.

Верен на својата оригинална група „E Street Band“, Спрингстин во моментов настапува на светска турнеја која треба да трае до 2025 година.

Своите фанови во текот на кариерата често ги наградуваше со долги концерти, а најдолгиот, кој траел повеќе од четири часа е одржан во Хелсинки во 2012 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни