Бруклин Бекам повторно го привлече вниманието на јавноста со кулинарско видео објавено на Инстаграм, во кое подготвува своја верзија на „шпагети болoњезе“. Рецептот, кој за кратко време собра повеќе од три милиони прегледи, наиде на остри реакции, особено од италијански корисници, кои сметаат дека јадењето е далеку од автентичниот ragu alla bolognese.
Критиките се однесуваа на повеќе детали: користење погрешен вид тестенина (orecchiette наместо шпагети или талијатели), избор на француска музика како позадина, отстапување од традиционалниот рецепт.
Еден од најсподелуваните коментари гласеше: „Еден Италијанец умре поради ова јадење“.
Додека дел од корисниците беа остро критични, други застанаа во одбрана на Бекам, истакнувајќи дека секој има право на сопствена верзија на јадењето. Бекам самиот призна дека сакал да користи шпагети, но немал при рака.
Бруклин Бекам во последните години сè повеќе се насочува кон готвење и редовно споделува едноставни рецепти со своите милиони следбеници. Неговите видеа често предизвикуваат реакции – и поради рецептите, и поради неговиот јавен имиџ.
