Бруцошка 2025: Синоќа ФЕИТ беше исполнет со младешка енергија и незапирлива забава

Три сцени, десетина артисти и безброј спомени – студентите ја започнаа академската година со журка за паметење.

Синоќа дворот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се претвори во најжешката точка во градот – Бруцошка @ ФЕИТ 2025 го означи стартот на академската година со журка која ќе се прераскажува уште долго.

Илјадници студенти се собраа заедно да ја прослават новата учебна година, а за атмосферата да биде на највисоко ниво се погрижија три сцени, десетина артисти и неколку surprise настапи што ја кренаа енергијата до максимум. Танци, музика, селфиња и нови пријателства – сè што ја прави студентската енергија незаменлива, беше таму.

Настапија: Gwass, Fiction, Dope Kukjata и Peach Vice

На Red Bull Tetris Bus Clash настапија: Marko Funkaphony, Omaru, Aya Whyek!? и Damage Control.

На T-Stage,настапија: DDS, Nastasyakish и Ermilova.

Од нас – среќно на сите бруцоши!
Посакуваме успешен почеток, многу нови пријателства, искуства што ќе ги паметите и години што ќе ве обликуваат. Универзитетот е многу повеќе од предавања – тоа е време за откривање, раст и создавање приказни што ќе ги раскажувате цел живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни