Брод полн со експлозиви за Израел во Јадранското Море, Амнести интернешнл бара да не се дозволи закотвување

„Смртоносниот товар на бродот Катрин не смее да стигне до Израел бидејќи може да придонесе за извршување на воени злосторства против палестинските цивили“, рече Наташа Посел, шеф на Амнести интернешнал Словенија.

Португалскиот брод МВ Катрин, кој наводно превезува експлозиви наменети за Израел, во моментов се наоѓа во Јадранското Море. Амнести интернешнал апелира до Словенија и Црна Гора да го спречат бродот да се закотви во нивните пристаништа, нагласувајќи дека постои јасна опасност таквиот товар да придонесе за извршување на воени злосторства во Газа.

Бродот превезува осум контејнери со експлозивниот хексоген RDX, според информациите на намибиските власти и португалскиот министер за надворешни работи. Во август, намибиските власти забранија бродот Катрин да влезе во главното пристаниште токму поради овој товар, па сега бродот се упатува кон Црна Гора и словенечкото пристаниште Копер, каде што планира да го истовари товарот. Се уште не е познато како експлозивите би стигнале до Израел.

Меѓународното хуманитарно право  забранува пренос на оружје на конфликтните страни доколку постои ризик да се користи за воени злосторства. Амнести интернешнал нагласува и дека Израел користи експлозивно оружје во нападите врз цивили и цивилни објекти во Газа, ја блокира хуманитарната помош и ги казнува Палестинците.

„Државите кои продолжуваат да му пренесуваат оружје на Израел ги прекршуваат нивните меѓународни обврски од Женевската конвенција“, додаде Посел. Амнести интернешенел бара итно ембарго за оружје за Израел и палестинските вооружени групи во Газа, поради докажано кршење на меѓународното право. „Португалија, Словенија и Црна Гора мора да спречат каков било трансфер на оружје преку нивните пристаништа и бродови“, заклучува Амнести.

Извор: Vecernji.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни