Бројот за загинати во земјотресот во Мијанмар порасна на 1000, спасувачите во очајна потрага по преживеани

Во Мандалај спасувачите се обидуваат да дојдат до седум лица заглавени под урнатините на срушената повеќекатница. Еден од членовите на спасувачкиот тим рече дека за време на ноќта успеале да извлечат 50 луѓе од таа зграда.

Бројот за загинати во вчерашниот земјотресот во Мијанмар порасна на 1000, а спасувачите се во очајна потрага по преживеани. Лидерот на мијанмарската војска објави вонредна состојба и побара од сите кои можат да помогнат да дојдат. ООН веќе е во контакт со властите.

Според податоците на USGS, епицентарот бил на околу 17.2 километри од градот Мандалај, кој има околу 1.2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, подрачјето го погоди и последователен земјотрес со јачина од 6.4.


Русија, Индија, Малезија и Сингапур испраќаат авиони со хуманитарна помош и спасувачки тимови во Мијанмар, земја која е опустошена од граѓанска војна по воениот удар во 2021 година.

„Ќе го следиме развојот на ситуацијата и дополнителна помош ќе следува наскоро,“ рече индискиот министер за надворешни работи, Субрахманијам Џајшанкар.

Јужна Кореја најави дека ќе обезбеди почетна хуманитарна помош од 2 милиони долари за Мијанмар преку меѓународни организации. Блокот на земји од Југоисточна Азија, АСЕАН, објави и е подготвен да ги поддржи напорите за опоравување на земјата.

Соединетите Американски Држави, кои имаат напнати односи со мијанмарската војска и ја санкционираа нејзината власт, вклучувајќи го лидерот на воената хунта, Мин Аунг Хлаинг, објавија дека ќе обезбедат одредена помош.

Во Мандалај спасувачите се обидуваат да дојдат до седум лица заглавени под урнатините на срушената повеќекатница. Еден од членовите на спасувачкиот тим рече дека за време на ноќта успеале да извлечат 50 луѓе од таа зграда.

Од земјотресот кој го погоди подрачјето близу до вториот по големина град во Мијанмар поминаа повеќе од 24 часа, а штетата е соразмерна со разорноста.

„Сè уште се обидуваме да ги извлечеме оние кои останаа заглавени, но ни требаат големи машини. Сè уште викаат, ги слушаме нивните гласови, но не знаеме каде се,“ рече спасувачот.

„Ако добиеме поддршка и тешки машини, можеме да ги отстраниме урнатините и да ги извлечеме заглавените,“ додаде тој.

Спасувачките служби во Бангкок објавија нови информации од местото на урнатиот облакодер, откако претходно известија дека под урнатините откриле најмалку 15 живи лица.

Во новото ажурирање велат дека тие лица се заглавени многу длабоко, на околу 5 до 10 метри под површината.

„Зградата се урна брзо“ рече еден функционер, додавајќи дека поради тоа спасувањето е екстремно тешко и дека за сега се воздржуваат од користење тешка механизација за да не го загрозат животот на преживеаните.

Подсетуваме, според податоци од локалните власти, во урнатините загинале шест лица, а околу 100 градежни работници се уште се водат како исчезнати.

Земјотресот со магнитуда од 7,7 М погоди Мијанмар на 28 март 2025 година, со големо влијание во Бангкок, Тајланд. Во општината Чатучак, се урна повеќекатница кој се градеше поради потресот. Под неа останаа заробени десетици работници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни