Во февруари 2025 година се издадени 272 одобренија за градење, што е за 29.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 901 041 илјада денари, што е за 44.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (50.4%) се наменети за објекти од високоградба, 73 (26.8%) за објекти од нискоградба и 62 (22.8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 272 објекти, на 122 (44.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (55.1%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 635 станови, со вкупна корисна површина од 51 075 м2.